Средба со вонземјани за 10 години

Од:

Можноста за откривање на вонземјанскиот живот на планетите кои личат на нашата и последиците од тоа, беа тема на овогодинешниот Светски економски форум, кој се одржа во Давос.

Светските лидери во областа на бизнисот, како и еминентни политичари разговараа за последиците со кои можеме да се соочиме во наредните децении.

Во соработката со меѓународниот научен весник „Начур“, Светскиот економски формум издвои пет „Х фактори“ кои се однесуваат на можните опасности.

Еден од факторите се последиците од контактот со вонземјанскот начин на живот.

– Во наредните десет години можеме да најдеме докази, не само дека Земјата не е единствена во космосот, туку и дека постои живот на другите планети, стои во соопштението на Светскиот економскиот форум за светските последици.

Повод за ваквата изјава е неверојатниот успех на мисијата „Кеплер“ која во космосот ја лансираше НАСА.

– Дури во 1995 година пронајдовме докази дека и другите ѕвезди имаат планети кои се вртат околу нив. Сега знаеме дека постојат илјадници егзопланети слични на Земјата. Мисијата „Кеплер“ функционира само три години, а веќе пронајде повеќе од илјади кандидати, стои во соопштението.

„Гласот на Русија“ пренесува дека целта за отворање на оваа тема е светските елити да се подготват себе си, но и своите народи за овие откритија.

Научниците укажуваат дека Земјата има потреба од образовни луѓе и многу средства за да се надминат предизвиците со кои ќе се соочи човештвото при средбата со вонземјаните.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Ана Ололовска

Научниците открија повторлив радио сигнал од планета со големина на Земјата