Средба Бербок-Блинкен во Берлин

Од:

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска ја повика Москва да не ја ескалира ситуацијата со Украина, предупредувајќи ја дека ќе се соочи со низа санкции доколку тензиите дополнително ескалираат.

– Итно бараме Русија да преземе чекори кон деескалација. Секое понатамошно агресивно однесување или агресија би резултирало со сериозни последици, рече Бербок на заедничката прес-конференција со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

– Ова не е ништо помалку од прашање за одржување на мирот во Европа. За нас тоа е егзистенцијално, истакна таа.

Блинкен рече дека САД и нивните европски сојузници ќе претставуваат обединет фронт, доколку Русија продолжи да дејствува против Украина.

Според него, Москва ќе добие брзи и сериозни обединети одговори доколку нејзините сили влезат во Украина.

– Покрај тоа, Вашингтон и неговите партнери ќе преземат заеднички одговор во случај на воведување санкции и ќе работат на координиран одговор на какви било дестабилизирачки дејства на Русија, нагласи Блинкен.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Блинкен: Имаме докази дека Кина се обидува да се меша во нашите претседателски избори

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад