85 проценти од доброволците кои ја примиле вакцината „Спутник V“ немале никакви несакани последици соопшти директорот на рускиот Научно-истражувачки институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“ Александар Гинзбург.
Трите фази на клиничкото испитување на вакцината покажуваат дека 15 проценти од вакцинираните развиле благо црвенило на местото на апликација на вакцината и блага главоболка која траела помалку од 24 часа.
Најнепријатното несакано дејство што се појавило е темература од 38 степени во тек на два дена.
„Спутник V“ е првата регистрирана вакцина против Ковид-19 во светот. Регистрацијата беше објавена на 11. август, а првите испитувања почнаа во Моска на 7. септември. Веќе два дена подоцна првиот доброволец ја прими вакцината. Со клиничкото испитување опфатени се 40 илјади луѓе.