Спречен терористички напад во Германија

Од:

Инспекторите во Северна Рајна Вестфалија и Бранденбург уапсија две момчиња за кои се вели дека планирале исламистички напад во Германија.

Според извештаите, двајцата осомничени преку пораки се договориле да извршат напад на божиќниот пазар или во синагогата во Келн користејќи запаливи средства или мал камион, објавија германските медиуми.

Следствено, гледајќи ги соодветните канали на Телеграм, Канцеларијата за заштита на Уставот наиде на 16-годишник од Витсток во Бранденбург и 15-годишник од Буршејд во Северна Рајна-Вестфалија.

Јавното обвинителство води истрага поради сомневање дека планирале да извршат терористички напад. Властите одбија да коментираат за ова прашање.

И двајцата уапсени се сметаат за симпатизери на Исламската држава (ИСИС).

Би можело да ве интересира

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

Германскиот парламент почнува со работа, АфД за прв пат најсилна опозиција

ВИДЕО: Во Берлин трет неонацистички собир, се собраа и контрадемонстранти

ВИДЕО: Се урна мал авион во Германија, од остатоците извлечено шестгодишно девојче

Захарова: Москва нема намера да ја нападне Германија

Мерц се обидува да добие поддршка од Зелените за измени на законот за ограничување на долгот