Спречен план за напад врз Нетанјаху

Од:

Израелската безбедносна служба Шин Бет денеска соопшти дека спечила напад врз премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху и врз градоначалникот на Ерусалим, Нир Баркат.

Според Шин Бет, нападот чија директна цел биле премиерот и ерусалимскиот градоначалник, бил подготвен и организиран од Сирија.

Во врска со нападот се уапсени неколку лица, кои преку Јордан тајно пристигнале во Израел и требало да ја изведат акцијата.

Според Шин Бет, покрај атентатот врз Нетанјаху и Баркат, терористите имале план и за напади врз американската Амбасада во Ерусалим и врз членови на официјалната канадска делегација што се наоѓа на посетаво Израел.

Во коментар на ваквите информации Баркат изјави дека „ниту една закана нема да го заплаши“, додека премиерот Нетанјаху засега не се огласи во врска со тврдењата за планиран напад врз него.

Би можело да ве интересира

Поддршка за планот на Бајден за Газа: „Да ја завршиме оваа војна“

Бајден потврди дека Израел му понудил примирје на Хамас: Време е оваа војна да заврши

Словенија ја призна Палестина

Предраг Петровиќ

„Овој ужас мора да престане“ – Итна седница на Советот за безбедност на ОН по нападот на Израел на Рафа

„Репортери без граници“ повторно го тужи Израел пред Хашкиот суд

ВИДЕО: Израел одговори на нападот на Хамас, погоден е камп за бегалци

Катерина Ѓуровски