Спречен обид за државен удар во Чад

Од:

Силите за безбедност на Чад спречија обид за државен удар против владата на претседателот Идрис Деби, соопшти министерот за комуникации Хасан Балкари.

Сиромашната африканска земја има долгогодишна историја на преврати и бунтови. Самиот Деби на власт дојде со воен преврат во 1990 година. Тој доби четири претседателски мандати и е еден од главните сојузници на Западот во борбата против борците на Ал Каеда во големата територија на Сахел.

Безбедносните сили на Чад вчера извршија неколку апсења во редовите на армијата, изјавија анонимни воени извори.

Деби испрати околу 2.000 војници во Мали годинава како дел од операцијата на Франција против исламистите во северниот дел на земјата.

Претседателот, сепак има голем број непријатели во земјата и во странство. Унијата на силите на отпорот предупреди во март дека ќе ги обноват борбите доколкуДеби не почне преговори со нив.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Луѓето се исплашени, чадот е страшен, можно е да е канцероген“: Гори депонијата Дрисла

A1on

Го убија претседателот на Чад, само еден ден откако беше избран

Жарко Настоски

Израел и Чад ги обновуваат односите по речиси 50 години

Ана Ололовска

Тилерсон најави хуманитарна помош од 530 милиони долари за африканските држави

Наум Локоски

Претседателски избори во Чад

Емир Латифовиќ

Повеќе од 40 луѓе загинаа во самоубиствен напад во Чад

Ана Ололовска