Спортист од Сиера Леоне исчезна во Глазгов поради страв од ебола

Од:

Велосипедист од Сиера Леоне, кој учествува на спортските игри на земјите членки на Комонвелтот, што се одржуваат во Глазгов,исчезна од кампот каде се сместени натпреварувачите,стравувајќи дека е заразен со смртоносниот вирус на еболата.

Тој спортист не се појаваил на стартот на една од велосипедските трки,по што е утврдено дека тој не се наоѓа во својата соба,а не е пронајден, никаде во спортскиот центар.

Претставници на спортската делегација од оваа африканска земја,веруваат дека тој исчезнал,откако неговиот другар во собата,беше осомничен дека е заразен со ебола.Врз него итно беа направени повеќе тестови и беше утврдено дека не е инфициран,но тоа не го смирило велосипедистот кој „исчезна без трага“.

Сиера Леоне е една од трите најтешко погодени земјите од Западна Африка кој неколку месеци се борат со смртоносниот вирус,кој продолжува да се шири.

Според Светската здравствена организација досега од еболата,во Гвинеја,Сиера Леоне и Либерија,умреа 729 лица,од кои 57 во последните четири денови. Ова е досега најсмртоносната епидемија на ебола,откако е откриен вирусот и откако се регистрираат случаите со заболни од оваа болест.

Случајот со исчезнатиот африкански спортист доаѓа непосредно по инцидентот на лондонскиот аеродром Гетвик,кога азилант од Либерија е осомничен дека е носител на вирусот.Тој бил сместен во имиграциониот центар кај овој аеродром,чекајќи одговор на неговото барање за добивање азил во Велика Британија. Азилантот е префрлен во карантин и детлано испитан,а потоа вратен во центарот,откако било утврдено дека човекот има други здравствени проблеми,но не е заразен.

Двата случаи предизвикаа тревога кај британските здравствени власти,за тоа колку лесно заразата може да се префрли на територијата на Велика Британија.Стравот кај епидемиолозите доаѓа од сознанијата дека британските погранични власти на аеродромите не се обучени за да се справат со сомнителни случаи,при влегувањето на патниците во земјата.

Би можело да ве интересира

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Во Уганда прогласена епидемија на ебола, почина 24-годишен маж

Ана Ололовска

СЗО: Втората епидемија на ебола годинава во Демократска Република Конго прогласена за завршена

А1он

Тедрос: Гвинеја ја победи еболата, утре очекувам крај на епидемијата

Жарко Настоски