Спор во Чешка околу именувањето амбасадори

Од:

Чешкото Министерство за надворешни работи ќе испрати неколку вршители на должноста амбасадори, односно претставници во странство на пониско дипломатско ниво, поради актуелниот спор околу именувањата со претседателот Милош Земан.

Ова како што јави дописникот на МИА од Прага, го потврди портпаролката на Министерството, Јохана Грохова не прецизирајќи за кои земји се работи.

Грохова негираше дека намалувањето на нивото на дипломатско претставување на земјата може да доведе до влошување на односите со соодветните држави.

Чешкиот министер за надворешни работи Карел Шварценберг и претседателот Милош Земан веќе неколку недели водат јавен спор околу именувањата на нови амбасадори.

Шварценберг ги одби предлозите на Земан за амбасадорската позиција во Русија да биде именуван поранешниот космонаут и европратеник на чешката Комунистичка партија Владимир Ремек, а за амбасадор во Словачка, Ливија Клаусова, сопругата на поранешниот чешки претседател Вацлав Клаус.

Со именувањето на вршител на должноста амбасадор ќе се избегне потребата од одобрување и потпис на претседателот на државата.

Портпаролката на Земан, Хана Бурианова изјави дека претседателот не е е запознат со овој предлог.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски