Спасувачките тимови на мотоцикли ќе почнат да патролираат во Москва

Од:

Спасувачите на мотоцикли утре ќе почнат да патролираат во сите административни области на главниот град, изјави за новинарите заменик-градоначалникот на Москва за станбено-комунални работи и развој на градот, Пјотр Бирјуков.

„Моторизираните екипи на Центарот за пожари и спасување веќе 10-та година работат во градот и се занимаваат со отстранување на последиците од сообраќајни незгоди, пружање прва помош на настрадани од различни инциденти, потрага по изгубени во шума и пружање помош во гаснење пожари“, рече Бирјуков.

Заменик градоначалникот нагласи дека само минатата година интервенирале околу 2.000 пати.

„Единаесет тимови за брз одговор на 22 мотоцикли за спасување ќе ги обиколуваат сите административни области секој ден. Нивните рути вклучуваат клучни автопати, пошумени области и рекреативни зони“, додаде Бирјуков.

Тој објасни дека благодарение на нивната мобилност, мото групите честопати први пристигнуваат на местото на инцидентот, ја проценуваат ситуацијата и им пружаат прва помош на настраданите пред пристигнувањето на главните единици.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар во породилиште во Москва, на 200 луѓе се евакуирани

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Русија убива деца со балистика, ѓубрињата во Москва сакаат да ја продолжат војната

Захарова: Одлуката на Германија е очигледна навреда

Москва: Киев не може да се согласи со обврските за решавање на конфликтот во Украина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин

Спречен терористички напад во административни згради во Москва

Горан Наумовски