Спасени 125 мигранти на брегот покрај Либија

Од:

Либиската крајбрежна стража денеска спаси 125 мигранти од оштетен брод во Медитеранот, изјави претставникот на поморските сили Ајоб Касем.

Тој прецизира дека мигрантите биле претежно Африканци, меѓу кои четири деца и четири жени. Имало и двајца од Бангладеш.

– Спасувачката операција беше спроведена кај градот Зауија, западно од Триполи, каде што се расипал моторот на бродот, рече Касем, додавајќи дека нема настрадани.

Во Либија владее хаос по падот на Муамер Гадафи во 2011 година. Земјата стана главен транзитен пат за мигранти, претежно Африканци, кои се обидуваат да стигнат до Европа преку море.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски