Околу 1.500 мигранти кои се наоѓале во пет бродови се спасени во јужниот дел на Средоземно Море во изминатите 24 часа, соопштија денеска италијански претставници.
Во пет одвоени операции за спасувње учествувале два брода на италијанската крајбрежна стража и еден брод на морнарицата, се наведува во соопштението на крајбрежната стража.
Сите мигранти се пренесени со бродови на островот Лампедуза или до Сицилија, се наведува во соопштението на италијанските власти.
Три брода со мигранти се нашле во опасност и испратиле барање за спасување преку сателит додека се оддалечувале од брегот на Либија, а италијански бродови спасиле други два брода со мигрнати во текот на поморска потрага.
Околу 170.000 лица влегле во ЕУ преку Италија изминатата година, а над 3.000 го загубиле животот во обид да стигнат до Италија.