Судија од Тексас ја блокираше наредбата на Бајден, САД можат да продолжат со депортација на имигранти

Од:

Федералниот судија од Тексас, Дру Типтон, ја блокираше наредбата на американскиот претседател Џо Бајден со која се забрануваше депортација на мигранти во следните сто дена.

Одлуката на судијата Типтон ќе важи на неодредено време, јави Њујорк пост.

Државниот обвинител на Тексас, Кен Пакстон, претходно напиша тужба против забраната за депортација, тврдејќи дека таа е неуставна и ќе и создаде значителни економски проблеми на таа американска држава.

Типтон, назначен од поранешниот претседател Доналд Трамп, и во јануари привремено блокираше една одлука на Бајден на две недели, бидејќи, како што објасни, новата администрација не му дала конкретни, оправдани причини за 100-дневната забрана.

Забраната на Бајден за депортација требаше да важи за секој мигрант кој влегува во земјата илегално и под услов да не биде обвинет за тероризам и шпионажа.

Би можело да ве интересира

Големи поплави во Њујорк, прогласена е вонредна состојба

Хјустон го победи Интер и го освои УС Опен Купот, Меси натпреварот го следеше од трибините

Тригодишно момче и двајца возрасни се убиени на Флорида

Рекорден број мигранти се движат кон границата со САД, нов тест за Бајден

(ВИДЕО) Американец падна во урнат мост поради инструкции на Гугл мап и се удави

Пронајдени се остатоци од исчезнатиот „невидлив“ американски авион

Горан Наумовски