СПАК бара 15 години затвор за ирански терорист, инфилтриран меѓу муџахедините во кампот кај Драч

Од:

Албанското Специјално обвинителство за организиран криминал и корупција (СПАК) побара 15 години затвор за Иранецот Бијан Поладраг, осомничен за тероризам.

Поладраг е осомничен дека собирал информации за членови на МЕК, што според обвинителството е потврдено од материјали и фотографии пронајдени на неговиот мобилен телефон.

Иако СПАК бара 15 години затвор, доколку судот го прогласи за виновен, ќе добие 10 години, поради согласноста за скратен судски процес.

Судските рочишта, вклучително и денешното, се од затворен карактер и се под силно полициско обезбедување.

Поладраг беше уапсен во октомври 2020 година и е обвинет за низа кривични дела како терористичка организација, напади на компјутерски систем, манипулација со неовластени компјутерски податоци и сл.

Бил член на муџахедините и бил жител на кампот во Манез, кај Драч, каде се сместени повеќе од 3.000 припадници на МЕК, но делувал како инфилтратор меѓу нив, а во меѓувреме планирал терористичкиот напад.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он