Советските акции, а не Хирошима, ја натера Јапонија да капитулира

Од:

ДПА – Хамбург

Навистина ли првата атомска бомба во историјата фрлена врз Хирошима на 6 август 1945 година, стави крај на Втората светска војна?

Најтешките американски бомбардирања врз јапонските градови започнаа во пролетта 1945 година. При спиењето на Токио се случи и бомбардирањето со запалливи бомби на 9 и 10 март, кога беа убиени близу 120 илјади Јапонци.

Уништувањето на повеќе од 60 големи градови до август беше толку тотално што јапонските лидери долго прифаќаа дека загинувањето на огромен број на луѓе во градовите било чест од патриотскиот долг на земјата.

Всушност, САД требаше да бараат доволно голем неразурнат град за целосно да си ја покажат силата на своето страшно оружје, пред Боинг б-29 супертврдина „Енола геј“ да ја фрли над Хирошима првата атомска бомба во светот, вели историчарот Ворд Вилсон од проектот Преосмислување на атомското оружје.

Веќе 70 години, многу луќе во САД продолжуваат да се согласуваат со аргументот на својата влада дека бомбата во Хирошима – и таа во Нагасаки на 9 август – ги натерала јапонците да се предадат и ставила крај на војната во Тихот океан, со што биле спасени животите на половина милион американски војници кои биле изложени на ризик при планираната за отомври-ноември изнавија по копно, и ги одзела животите на десетици илијади цивилни Јапонци.

Но некои почнуваат да ја стават под знак прашалник претставата дека единствено Хирошима го натерала јапонскиот император Хирохито и неговата армија да објават безусловна капитулација на 15 август.

Американскиот историчар Цуиоши Хасегава тврди дека главниот фактор кој ги забрзал тие настани било изненадувачкото советско навлегување во контролираната од Јапонија Манџурија, уште на 9 август.

– По Хирошима, немаше вонредно заседание, кажа Вилсон за ДПА. „Тоа беше просто сметано за продолжување на фрлањето на запалливите бомби над јапонските градови“, изјави тој.

Хасегава, кој предава на Калифорнискиот универзитет во Санта Барбара, зборува руски и јапонски и како дете бил сведок на фрлањето на запалливи бомби над Токио, и ја претставува хронологијата на настаните во својата книга од 2005 година, насловена „Натпревар со непријателот“.

Врховниот воен совет на Јапонија не беше свикан како одговор на бомбардирањето на Хирошима, но веднаш заседаваше на 9 август за да ги обмисли условите за капитулацијата по „шокот и кризата од веста дека Русија и објавила војна и навлегла“, рече Вилсон за ДПА.

САД ја фрлија втората атомска бомба над Нагасаки истиот ден, но според Хасегава тоа не влијаело особено за одлуката за капитулација.

– Она од кое најмногу се плашевме, конечно се случи, го цитира тој заменик началникот на генералштабот на јапонската армија, Кавабе Тораширо, опишан при американското испрашување во 1949 година како најблискиот круг реагирал на советската инвазија.

На 10 август 1945 година, Хирохито објави: „Изгледа е очигледно дека земјата веќе не е во состојба да води војна, и е сомнително дали може да ги заштитува своите брегови“.

Пет дена подоцна, Јапонија безусловно капитулира, откажувајќи се од поблагопријатните услови откако го одби барањето од Постдамската декларација од 26 јули и американско-британското барање за безусловна капитулација.

Таа се надеваше да го зачува императорскиот систем, својата армија и колку е можно повеќе своја територија, додека истовремено да избегне строги судења за воени злосторства, обидувајќи се да го убеди Советскиот сојуз договорно обврзан да го зачува неутралитетот до 1946 година, да посредува за подобро уредување на односите со САД во замена за територии во Азија.

Иако нејзините морски и воздуни воени сили беа во пракса уништени, јапонските воени лидери се чувствуваа во силна позиција за преговори затоа што вооруженото цивилно население и копнените војски беа подготвени да и нанесат тешки загуби на САД при очекуваната инвазија по копно во текот на есента.

Но и покрај дипломатските иницијативи на Токио, Сталин беше подготвен да навлезе во Јапонија, како што беше договорено на тристраната сојузничка конференција на Јалта во февруари 1945 година.

– Советското вклучување во војната одигра поголема улога од атомските бомби за тоа Јапонија да биде натерана да капитулира, пишува Хасегава во „Натпревар со непријателот“.

Слични толкувања даваат американските историчари, како Гар Алперовиц, кој прв ја искажа таа идеја на крајот на 60-ите години, така и Мартин Шаруни и Ричард Роудс.

Хирошима и Нагасаки дадоа страотен тон на Студената војна и предизвикаа постојани дебати за моралноста и стратешката неопходност за одлуката на претседателотт Хари Труман за фрлање на бомбите.

Носителот на Пулицеровата награда, историчарот Херберт Бикс од Универзитетот Бигмантан во Њујорк, тврди дека Труман многу сакал да испрати предупредување кон Советскот сојуз.

Други го цитираат писмото кое подоцна го напишал Труман до една црковна организација, во кое тој рекол дека бомбата била одмазда за Перл Харбур.

– Кога си натеран да имаш работа со ѕвер, треба да се однесуваш со него како со ѕвер, напишал тој.

Во Хирошима загинаа помеѓу 60 и 80 илјади Јапонци тој ден кога падна бомбата, а во Нагасаки – околу 40 илјади. Дестици илјади умреле или настрадале од последиците од бомбата и радијацијата во следните повеќе години.

Труман многу пати тврдеше дека бомбите биле неопходни за да се стави крај на војната во Тихиот Океан, и за да се спасат животите на половина милион војници на САД. Повеќето Американци продложуваат да го мислат истото, иако некои воени команданти од Втората светска војна велат дека таа бројка е претерана.

Борецот против атомските оружја Вилсон, изјави дека тоа сиже се задржува затоа што се намалува вината на САД и заради „потребата за нашата национална митологија за надмоќноста на јенките – дека ние создаваме поредоци кои го менуваат светот“.

Тој исто така рече дека меѓународнот шок од првата во светот атомска бомба влијаело за „свртување на целото сочувство кон Јапонија“ по военодопската агресија на земјата.

– Тоа е корисна идеја за претставување на Јапонија како мирна неагресивна земја, изјави тој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија