Советот за безбедност на ОН загрижен поради бегалците и бегството на милитантите во Сирија

Од:

Советот за безбедност на Обединети нации денеска изрази загриженост поради опасноста од влошување на хуманитарната ситуација во североисточна Сирија и бегството на борците од Исламска држава, но тоа не го поврза со турската офанзива против Курдите на тоа подрачје.

Во кусото соопштение на СБ на ОН се укажува дека десетици илјади цивили се принудени да ги напуштат домовите.

Во соопштението се посочува и дека расте неизвесноста за судбината на борците на Исламската држава, кои се наоѓаат во курдските затвори.

Тоа беше втора седница посветена на Сирија од почетокот на турската воена офанзива во северна Сирија, што почна на 9 октомври. Седницата беше иницирана од Велика Британија, Франција, Германија, Белгија и Полска односно европските земји членки во Советот за безбедност на Обединетите нации.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија