Советот за безбедност на ОН поделен во однос на турската операција во Сирија

Од:

Совет за безбедност на ОН не успеа ноќеска да постигне обединета позиција за турската офанзива во североисточна Сирија.

Европските членки бараат турската офанзива врз курдските сили поддржани од САД, да биде прекината, додека Русија се залага за „воздржаност“ и „директен дијалог“ на спротивставените страни.

Пред состанокот, пет членки на СБ на ОН изразија желба сите 15 членки да ја поддржат изјавата предложена од САД, откако американскиот претседател Доналд Трамп неочекувано ги повлече сите американски трупи од североисточна Сирија, каде што трае конфликтот меѓу турските и курдските сили.

Според неименуван дипломатски извор, САД предложија СБ на ОН да усвои изјава во која се изразува „длабока загриженост“, истакнувајќи ја потребата да се заштитат цивилите и да се повика Анкара да бара дипломатски пристап наместо да се вклучува во воена акција, пренесува Танјуг.

Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Набензија, изјави дека треба да се земат предвид и другите аспекти на сириската криза, а не само во турската воена операција, и дека треба да се повика на „итно прекинување на нелегалното воено присуство“ во земјата.

Турските трупи и нивните сириски бунтовнички сојузници завчера пристигнаа во североисточна Сирија, населена главно со Курди, со што почна турската воена операција „Извор на мирот“, која наиде на осуда од поголемиот дел на меѓународната јавност.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години

Единаесет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Турција