Советот на Европа денеска им препорача на 47-те држави членки од организацијата да го промовираат независното и истражувачко новинарство.
Препораките содржат повик за развој на национални стратегии за разновидноста на средствата за информирање – јавни, локални, прекугранични и малцински.
Притоа на државите им се препорачува да обезбедат услови за целосна редакциска и оперативна медиумска независност.
Со препораките се даваат насоки кои вклучуваат и прашања за медиумската писменост, која се однесува на способноста на слушателите, читателите и гледачите да ја проценат веродостојноста на информацијата и нејзините извори.
Советот на Европа предлага и државите да создадат правна основа во заштита на транспарентноста на сопственоста на медиумите.