Советот на Европа побара од Франција да го укине користењето на лансери на гумени проектили

Од:

Бројот и сериозноста на повредите предизвикани од лансерите за гумени проектили во форма на топки (ЛБД), употребени за време на протестите на „жолтите елеци“, наметнуваат Франција веднаш да ја суспендира нивната употреба, изјави денеска Комесарката за човекови права при Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, пренесува дописникот на МИА од Стразбур.

Мијатовиќ потсетува на протестите и го осуди насилството и антисемитските или хомофобични испади кои фрлија дамка врз движењето, истовремено оценувајќи дека одговорот на Владата бил несоодветен.

– Раните предизвикани од ЛБД покажуваат несразмерна употреба на сила, како и несоодветноста на овој тип на оружје во контекст на операциите за спроведување на редот, наведува таа.

Комесарката е загрижена поради „големиот број“ на истрели од таканаречените „оружја со средна сила“, иако нивната употреба е ограничена, тие можат да предизвикаат сериозни повреди“.

Според неа, повикувајќи се на француското Министерство за внатрешни работи, до 4 февруари имало 12.122 истрели со ЛБД, 1.428 гранати со солзавец и 4.942 гранати за растерување на демонстранти.

Сепак, францускиот Државен совет дозволи понатамошна употреба на ова оружје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Најмалку седум лица загинаа во пожар во зграда во Франција

Во Париз: Автомобил усмрти едно лице, двајца се тешко повредени

Горан Наумовски

Уапсени ултрадесничари во Франција кои планирале напади за време на Олимписките игри во Париз

Француската влада поднесе оставка

Горан Наумовски

Партијата на Ле Пен освои три милиони гласови повеќе од победниците на изборите

Атал останува премиер на Франција

Горан Наумовски