Советот на Европа бара да се формира казнен суд за злосторства во Украина

Од:

Парламентарното собрание на Советот на Европа повика на формирање „ад хок меѓународен кривичен суд“ што ќе им суди на „сторителите на злосторствата во агресијата против Украина“, нападната од Русија пред два месеца.

ПССЕ ги повика 46 „земји-членки и набљудувачи“ „итно да основаат“ таков трибунал „со мандат да истражува и гони“ за злосторства на агресија „наводно извршени од политички и воени лидери на Руската Федерација“.

Судот треба да ја „примени дефиницијата за воено злосторство“ утврдена со меѓународното право и да има седиште во Стразбур.

Советот оваа недела ќе одржи пролетна седница за „последиците од руската агресија врз Украина“.

Предложениот суд треба да има моќ да издава „меѓународни налози за апсење без ограничување на имунитетот“ на држави или лидери, соопшти собранието, „згрозено“ од војната во Украина и згрозено од информациите за „злосторства против цивили“.

„Во едногласна резолуција“, собранието исто така изрази „запрепастеност од бројните извештаи за употреба на силување и тортура како воено оружје“, практики што се признати како воени злосторства според меѓу народното кривично право.

Од исклучувањето на Русија од Советот на Европа на 16 март, има 46 членки. Парламентарното собрание има 306 пратеници од националните парламенти.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Кос: Украина до крајот на 2025 може да ги отвори кластерите за пристапување во ЕУ

Украински дрон уништи руски бомбардер со долг дострел Ту-22М3

Дугин: Украинците се патетични, глупави неверни губитници без љубов, националисти без нацијa

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

Калас: Нападите на Русија врз Украина се интензивираа по понудата за прекин на огнот