Советот на ЕУ за Украина: Европската безбедност е неделива

Од:

Советот на ЕУ денеска соопшти дека усвоил заклучоци за европската безбедносна ситуација во кои се наведува дека европската безбедност е неделива и дека секое оспорување на европскиот безбедносен поредок влијае врз безбедноста на ЕУ и нејзините земји-членки.

Во своите заклучоци, Советот ги осудува континуираните агресивни дејствија и закани на Русија кон Украина и ја повикува Русија на деескалација, да се придржува до меѓународното право и да се вклучи конструктивно во дијалог преку воспоставените меѓународни механизми.

Во соопштението на Советот се потсетува на изјавата на шефовите на држави и влади на ЕУ на состанокот на Европскиот совет во декември 2021 година дека секоја натамошна воена агресија на Русија против Украина ќе предизвика огромни последици и сериозни трошоци.

ЕУ уште еднаш ја потврдува својата непоколеблива поддршка за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и другите партнери од источното соседство во рамките на нивните меѓународно признати граници и ја повикува Русија повторно да се вклучи конструктивно во постојните меѓународни рамки за одржливо и мирно решавање на конфликти, наведе Советот на ЕУ со своето соопштение по седницата.

Советот го потврдува унифицираниот пристап на ЕУ и постојната силна соработка и координација со САД, НАТО, Украина и другите земји партнери и ја повторува важноста од натамошното зајакнување на отпорноста и способноста на ЕУ и нејзините блиски партнери, вклучувајќи го и спротивставувањето на кибер и хибридните напади, манипулирање со информации и мешање, вклучувајќи ги и дезинформациите, се додава во соопштението од денешната средба на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Москва: Киев не може да се согласи со обврските за решавање на конфликтот во Украина

Горан Наумовски

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Трамп: Зеленски ќе има големи проблеми ако се повлече од договорот за ретки минерали

Горан Наумовски

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

Терехов: Харков е нападнат од руски беспилотни летала

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина