Советник на Хамнеи: Иран е способен да направи нуклеарна бомба

Од:

Иран технички е способен да направи нуклеарна бомба, но сè уште не е одлучено дали ќе биде направена, изјави Камал Харази, висок советник на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи.

Харази ова го изјави во интервју за катарската телевизија Ал Џезира, еден ден откако американскиот претседател Џо Бајден ја заврши четиридневната посета на Израел и Саудиска Арабија, за време на која вети дека „ќе го спречи Иран да дојде до нуклеарно оружје“, пренесува ТВ Франс 24.

Аналитичарите велат дека зборовите на Харази би можеле да се протолкуваат како ретка потврда дека Иран би можел да има интерес да развие нуклеарно оружје, нешто што Техеран долго време го негира.

– За само неколку дена успеавме да збогатиме ураниум до 60 проценти и лесно можеме да произведеме ураниум збогатен 90 проценти. Иран има технички средства за производство на нуклеарна бомба, но Иран не донесе одлука да ја направи, рече Харази.

Во Иран, ураниумот долго време се збогатува до 60 отсто, што е далеку над границата од 3,67 отсто дозволена со одредбите од нуклеарниот договор меѓу Техеран и светските сили постигнат во 2015 година.

Ураниум кој е збогатен до 90 проценти е погоден за правење нуклеарна бомба.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Израел се подготвува да го нападне Иран

Иран со јасна порака до Трамп: Нема преговори

Иран: Не е вистина дека развиваме нуклеарно оружје

Аракчи: Нашето нуклеарно оружје не треба да биде проблем, тоа брзо се решава