Советник на градоначалникот на Мариупол: Погодивме база и убивме стотина руски војници

Од:

Петро Андријушченко, советник на градоначалникот на Мариупол во егзил, извести дека 100 руски војници биле убиени, а над 400 повредени во напад на поранешна здравствена установа во селото Јуривка кај Мариупол. Тој рече дека четири автобуси со руски воен персонал пристигнале во привремената база еден ден претходно, повикувајќи се на локални партизани од градот окупиран од Русија.

Тој изјави дека во нападот биле уништени комуникациската станица и системот за електронско војување. Тој за нападот го употребил името „бавовна“, што е зборот што украинските власти го користат за да означуваат експлозии предизвикани од украинските напади врз руската воена инфраструктура, за кои тие не преземаат директна одговорност, пишува Киев Индипендент.

Според советникот, во нападот била уништена петкатна здравствената установа. Тој тврди дека станува збор за зграда во која може да се сместат и до 650 војници доколку се пренамени во касарна. По речиси тримесечната опсада на Мариупол во која загинаа десетици илјади цивили, а илјадници згради и голема инфраструктура беа оштетени и уништени, Русија целосно го окупираше градот минатиот мај.

Веста дека Русија потенцијално би можела да изгради логистички центар во Мариупол дојде само неколку недели откако рускиот претседател Владимир Путин го посети градот во март.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков