Состојбата по поплавите во Магдебург се смирува, во Бранденбург се влошува

Од:

Состојбата во поплавените области во Магдебург, главен град на Саксонија-Анхалт е под контрола, изјави денеска портпаролот на кризниот штаб нагласувајќи дека евакуираните граѓани се уште нема да може да се вратат во своите домови.

Во таа покраина надојдената Лаба и понатаму е опасна и ноќеска во округот на градот Штендал во местото Фишбек една брана е пробиена по што се евакуирани над 400 луѓе.

Заради тоа се појавија проблеми и во железничкиот сообраќај на релација Хановер-Берлин. Во Бранденбург заради пробиената брана во Фишбек ситуацијата се влошува и тука се наоѓаат 450 пожарникари и војници кои подигаат нов насип за да се спречи излевање на реката.

Нивото на Лаба во Бранденбург е понатаму расте. Во градот Витенберге ноќеска нивото на водениот бран е на историски рекорд од 7,85 метри, а метеоролози прогнозираат дека до вторник ќе биде 8,20 метри.

И во Долна Саксонија ситуацијата е сериозна, а во Шлезвиг-Холштајн најсеверната германска покраина на границата кон Данска, луѓето очекуваат поплави додека од градот Лауденбург евакуирани се околу 400 луѓе.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад