Состојбата на светскиот мир се влошила изминатите седум години, по 60-годишен период на подобрување

Од:

Состојбата со светскиот мир се влошила изминатите седум години поради војните, вооружените напади и криминалот, со што се наруши тенденцијата на континуирано подобрување, се наведува во извештајот за глобална безбедност, изготвен од Институтот за економија и мир, објавен вчера.

Во извештајот се наведува оти е регистрирано зголемување на бројот на убиствата во вооружените напади во Блискиот Исток, Јужна Азија и Африка. Зголемен е и бројот на убиствата во големите градови во земјите во развој.

Многу повеќе луѓе стануваат бегалци заради судири во нивните родни места. Истражувањето констатира намалување на криминалот и конфликтите во поразвиените делови во светот, особено во Европа.

Основачот на Институтит за економија и мир, чие седиште е во Австралија, Стив Килилиа причините за влошувањето на состојбата на мирот изминатите седум години, по континуираното подобрување во период од 60 години, односно по завршувањето на Втората светска војна, се последиците од Арапската пролет, растот на тероризмот по инвазијата во Ирак и последиците од глобалната финансиска криза.

Со извештајот се опфатени 162 држави во 22 параметри, меѓу кои се воените трошоци, стапката на убиства или смрт заради конфликт, граѓански протести или тероризам.

Сирија и Авганистан  се оценети како земји со најниско ниво на мир во светот, а во Јужен Судан, Централноафриканската Република, Украина и Египет е забележан најдрастичен пад на нивото на безбедноста. Исланд е држава со највисоко ниво на мир во светот.

Институтот проценува дека трошоците за воени дејствија во светската економија изнесуваат околу 8,9 билиони долари, односно околу 11,3 отсто од глобалниот БДП. Анализата покажува дека таа сума годишно расте со по 179 милијарди долари. И додека САД и државите од Западна Европа во голема мера ги намалуваат трошоците во сферата на одбраната, Кина, Русија државите долж нивните граници, како и повеќето земји од Блискиот Исток трошат повеќе средства за оружје.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија