Сослушувањето на Асанж се одложува за 14. ноември

Од:

Почетокот на процедурата за сослушување на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кого шведските власти го обвинија за силување, е одложено за 14 ноември, соопшти обвинителството на Еквадор.

Од 2012 година, Асанж е засолнет во амбасадата на Еквадор во Лондон.

– 14 ноември 2016 година, во 10.00 часот (по локално време) е новиот датум кога ќе биде сослушана веризијата на Џулијан Асанж, за што настојува шведското правосудство, се наведува во соопштението.

Претходно, беше предвидено сослушувањето да се одржи на 17 октомври.

Процедурата се одложува по барање на 45-годишниот Австралиец.

– Тој поднесе барање во писмена форма преку амбасадорот на Еквадор во Велика Британија, аргументирајќи со гаранциите за безбедност и со неговата правна заштита, стои во соопштението на еквадорското обвинителство.

Против него шведските власти издадоа наредба за апсење, откако беше направена истрага во 2010 година, врз основа на жалбата на една Швеѓанка за силување.

Асанж ги отфрла обвиненијата, велејќи дека тоа е замка за негова екстрадиција во САД, каде сакаат да го судат за ширење на доверливи информации.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Еквадор: Свлечиште однесе најмалку шест животи, властите трагаат по 30 исчезнати

Горан Наумовски

Британскиот суд денеска ја носи конечната одлука за Асанж

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Во амбасада на Мексико е уапсен поранешниот потпретседател на Еквадор, Хорхе Глас

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот