Соработникот на Трамп застрелан во вратот додека држеше говор

Од:

Чарли Кирк, влијателен десничарски активист близок до американскиот претседател Доналд Трамп и извршен директор на Turning Point USA (TPUSA), беше ранет за време на настан на Универзитетот Јута Вали.

Видеата што кружат на социјалните мрежи го покажуваат моментот кога бил застрелан во вратот додека зборувал под шатор во дворот на универзитетот. Во исто време, студентите бегале во паника од звуците на огнено оружје. Кирк настапил таму како дел од турнејата American Comeback Tour, организирана од локалниот огранок на TPUSA.

Министерката за земјоделство на САД, Брук Ролинс, објави на социјалните мрежи дека Чарли Кирк е „сè уште со нас“.

„ВЕ МОЛАМ ПРОДОЛЖЕТЕ ДА СЕ МОЛИТЕ. Слушнав дека е во критична состојба, но сè уште е со нас“, напиша таа на X.

Во соопштението од Универзитетот Јута испратено до американските медиуми, се наведува дека истрелите биле испукани од зграда оддалечена околу 180 метри од местото на настанот.

„Според нашите сознанија, тој бил погоден и веднаш бил однесен од членови на неговиот безбедносен тим“, изјави портпаролката на универзитетот Елен Трен.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп најави план за пошироко примирје во Украина

Катерина Ѓуровски

Руски хеликоптер навлегол во финскиот воздушен простор по инцидент со руски брод во Балтичкото Море

ВИДЕО: Американците објавија нови снимки од НЛО, забележани над Блискиот Исток

Зеленски му се закани на Путин: Кримскиот мост нема да опстане

САД ја притискаат Украина да постигне мировен договор со Русија до јануари: Киев стравува од големи отстапки

Предраг Петровиќ

Бизарни детали од животот на Епстин: Во Москва барал млади манекенки и очајнички се обидувал да стигне до Путин