Соработник на Меркел не ја исклучува можноста од вооружување на ПКК

Од:

Шефот на пратеничкиот клуб на демохристијаните во Бундестагот Волкер Каудер рече денеска дека е отворена можноста за вооружување на Курдската работничка партија  (ПКК) во рамки на напорите да се победат џихадистите од Исламска држава.

Германија веќе испраќа вооружување на Курдите на северот на Ирак, но германската канцеларка Ангела Меркел претходно ја исклучуваше можноста за вооружување на ПКК, кој со децении се бори за автономија на Курдите во Турција и кој во ЕУ и САД се наоѓа на листата на терористички организации.

Турција, која дава отпор на притисоците да се придружи кон меѓународната коалиција во борбата против џихадистите во Ирак и Сирија, се противи на таков чекор.

– Знам за проблемот што Турција го има со ПКК, но да се седи и да се набљудува како ИД презема важни погранични градови и како нивната закана прераснува во глобална, не може да биде решение, истакна Каудер, кого многумина го сметаат за „десна рака на Меркел“.

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите