Соработничката на Нечас ослободена од притвор

Од:

Јана Нагиова, шеф на Кабинетот на поранешниот чешки премиер Петр Нечас, која со уште шестмина е осомничена за организирање корупциски криминал и незаконско прислушување, денеска е ослободена од притвор, јави дописникот на МИА од Прага.

Од притвор ќе излезат и поранешниот Шеф на Военото разузнавање, Ондреј Паленик и екс заменик- министерот Роман Бочек.

Оваа судска одлука доаѓа по жалбата на обвинетите и според судиите повеќе не постои опасност обвинетите да влијаат врз сведоците во политичката афера.

Се претпоставува дека и останатите обвинети ќе бидат пуштени од притворскиот затвор. Нагиова е обвинета за злоупотреба на службената должнист и поткуп на службени лица.

Според еден дел од обвинението, таа ја искористила Службата за Воено разузнавање за незаконско следење на сопругата на експремиерот, Радка Нечасова.

По избувнувањето на корупциската афера, Нечас под притисок поднесе оставка од премиерската функција.

За него беше подготвена и кривична пријава за учество во незаконско поткупување на тројца пратеници во замена за нивните мандати и беше поднесено барање за симнување на неговиот имунитет.

Но, тужбата беше повлечена откако Врховниот суд донесе одлука дека нема основа за покренување обвинение против тројцата поранешни пратеници, заради наводно стекнување противправна корист во замена за откажување од нивните мандати, кога се гласаше за битни закони.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски