Сопругот на Маргарет Тачер „размислувал за развод“ од амбициозната политичарка

Од:

Денис Тачер, сопругот на неодамна починатата поранешна британска премиерка Маргарет Тачер, размислувал да се резведе од својата политички амбициозна сопруга, открива британскиот публицист Чарлс Мор, автор на најновата книга-биографија за некогашната „Челична лејди“.

Во книгата што во лондонските книжарници се појави денеска, Мор првпат ја покажува брачната криза на Денис и Маргарет Тачер. Авторот Мор кој се повикува на раскажувањето на Керол Тачер, ќерка на брачниот пар Тачер, открива и детали од нервниот слом што го преживеал Денис уште пред да наполни 50 години.

Во својата претходно издадена автобиографија, Маргарет Тачер не споменува ништо за кризата во бракот,како и за нервната криза што ја преживеал Денис Тачер во 1964 година.

Во тоа време таа забрзано се искачувала на ториевската политичка скала, а во Владата на британските конзервативци била помошник министер во Министерството за труд и вработување.

Нивната ќерка Керол раскажува дека татко и не сакал што е оженет за политичарка, па размислувал и за развод од Маргарет Тачер. По опоравувањето од нервиот слом тој заминал за Јужна Африка каде останал повеќе од два месеци.

Авторот на биографијата тврди дека сопругата Маргарет во тоа време не знаела дали тој воопшто ќе се врати дома и во нивниот брак. Самиот Денис Тачер, пред смртта во 2003 година, му раскажувал на авторот на книгата Мор за кризата што ја имал во животот и бракот, објаснувајќи го тоа со голамата своја ангажираност во семејната фирма за бои, од чиј опстанок зависела финансиската безбедност и на неговото пошироко семејство, како и со преголемата зависност од алкохолот.

Тој во разговорот со авторот на книгата рекол дека за својата криза не е виновна кариерата на неговата сопруга. Но на некои свои најблиски пријатели им признал претходно дека посветеноста на Маргарет на градењето политичка кариера го оставила да се чувствува изолиран. Маргарет и Денис Тачер беа во брак повеке од 50 години.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он