Сони Пикчерс: Кината сами да одлучат за премиера на The Interview

Од:

Сoни Pикчерс им соопшти на кината дека може да го откажат прикажувањето на новиот филм The Interview oткако хакери им се заканија на потенцијалните гледачи.

Одлуката дали на 25 декември ќе има премиера на филмот сега зависи од одделни кино-сали.

Компанија што има 278 кино-сали во 41 држава, веќе го известила Сони дека нема да го прикаже филмот.

Хакери упатија закани за „горчлив вкус“ за сите гледачи кои имаат намера да ја посетат премиерата на филмот.

Министерството за внатрешна безбедност на САД соопшти дека нема информации од разузнавањето дека постои опасност за посетителите на кината. Според Стејт департментот, филмот во кој луѓе добиваат задача од ЦИА да го ликвидираат севернокорејскиот лидер нема провокативен карактер. Тоа го изјави портпаролката на Стејт департментот, Џен Псаки.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија