Два дена пред почетокот на судењето на 87-годишната Урсула Хавербек, која се товари за прекршување на законот кој не дозволува негирање или минимизирање на Холокаустот, германските власти се соочуваат со критики на социјалните мрежи каде пос хаштагот „Ние сме Урсула“ (#WeAreUrsula), започна дебата дали сомнежите околу Холокаустот влијаат на слободата на говорот во Германија.
Урсула Хавербек беше уапсена во јуни оваа година, откако во три месеци пред тоа во интервју за емисијата „Панорама“ на првиот канал на државната телевизија АРД тврдела дека „Холокаустот е најголемата лага на светот“.
Таа во интервјуот се повикува на свои и туѓи истражувања за Холокаустот и контакти со официјални германски институции и тврди дека убиството на шест милиони Евреи во Втората светска војна е „најголемата и најупорната лага во историјата“.
По интервјуто, јавниот обвинител во градот Билефелд започнал истрага против Хавербек, која е посочена како „водечка неонацистичка фигура“, при што истражители од Одделот за криминал во Долна Саксонија го пребарале нејзиниот и домовите на тројца нејзини поддржувачи.
По неколку месечна истрага, во четврток Хавербек ќе се појави пред судот во Хамбург под обвинение за говор на омраза и предизвикување јавни немири преку исказите дадени во интервјуто. На Хавербек и се заканува казна од пет години затвор.
Голем број коисници на социјалните мрежи процесот против неа го опишуваат како удар на слободата на говорот.
Германија е меѓу десетиците земји каде што негирањето и минимизирањњето на холокаустот е кривично дело.