Сомалија – најлошото место да се биде мајка

Од:

Сомалија оваа година е најлошото место во светот на кое една жена може да стане мајка, покажуваат резултатите од годишното истражување на британската хуманитарна организација „Спасете ги децата“.

Класификацијата е изработена врз основа на условите, во кои живеат мајките во 178 држави. Предвид се земени нивната здравствена состојба, степенот на образование и клучните индикатори поврзани со децата, како здравствената состојба и хранењето.

Од првото објавување на извештајот, во 2000 година, 28 земји ги заземале последните десет позиции. Само четири од нив во последно време не биле арена на вооружени судири, а 18 редовно стануваат жртви на природни непогоди.

Како и во извештајот од минатата година десетте последни места ги заземаат држави од Африка. Сомалија, која од 1991 година е зафатена од граѓанска војна е на последното место. Пред неа се Демократска Република Конго, која лани беше последна, Нигер и Мали.

„Спасете ги децата“ изразува особена загриженост за ситуацијата во Сирија, која е на 115. место. Сирија како последица на граѓанската војна ја напуштиле 1,4 милиони деца и 690 илјади жени, а секој месец во земјата животот го губат илјада жени и деца.

Најдобра држава за да се биде мајка е Финска, а по неа следуваат Норвешка, Шведска, Исланд, Холандија, Данска и Шпанија. САД се на 31.место.

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска