Сомалија го протера кенискиот амбасадор

Од:

Сомалија нареди протерување на кенискиот амбасадор откако ја обвини соседната земја дека се меша во изборниот процес во Џубаланд, една од петте сомалиски автономни држави.

Сомалија исто така го повлече својот амбасадор од Најроби.

– Како резултат на политичката интервенција на кениската Влада во внатрешните работи на Сомалија, регионалниот претседател на Џубаланд се откажа од изборниот договор постигнат на 17 септември 2020 година во Могадишу, се вели во соопштението на сомалиското Министерство за надворешни работи објавено на Фејсбук.

Министерството не даде детали за мешањето или договорот од кој се откажал претседателот на Џубаланд.

Кенија и дава трупи на Сомалија како дел од мировните сили предводени од Африканската унија, кои заедно со сомалиската федерална влада и локалните држави се борат против бунтовниците на ал-Шабаб, група поврзана со Ал Каеда.

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска