Сојузниците на НАТО се договорија следната година да финансираат помош за Украина во износ од 40 милијарди евра

Од:

Сојузниците на НАТО се согласија да финансираат воена помош за Украина во износ од 40 милијарди евра следната година, изјавија денеска за Ројтерс двајца западноевропски дипломати.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг побарал од сојузниците да се посветат на обезбедување воена помош за Киев.

Одлучено е, исто така, сојузниците од НАТО да направат два извештаи во текот на следната година за да одредат која земја што испорачува на Украина и сè да биде транспарентно, рече дипломатот.

Овој финансиски залог е дел од поширокиот пакет за кој ќе се договорат лидерите на НАТО кога ќе се соберат на самитот во Вашингтон на 9-11 јули.

Во јуни, сојузниците одлучија дека НАТО ќе преземе поголема улога во координирањето на испораката на оружје за Украина.

По почетокот на војната во Украина во 2022 година, Соединетите држави собраа истомисленици во воздухопловната база Рамштајн во Германија, формирајќи група која сега брои околу 50 нации кои редовно се состануваат за да го обезбедат она што му треба на Киев.

Би можело да ве интересира

Орбан: НАТО оди кон самоубиство

Кремљ: Ердоган не може да биде посредник во разговорите меѓу Русија и Украина

Пјонгјанг: САД создаваат азиско НАТО

Две третини од германскиот извоз на оружје отиде во Украина оваа година

Руски напад на југоисточна Украина, седум мртви

Зеленски: Десет Украинци ослободени од руско заробеништво по посредство на Ватикан