Сојузна истрага за сомнителната смрт на уште една Афроамериканка во САД

Од:

Властите во Тексас објавија видео снимка на која се гледа како белец полицаец заприра автомобил на една Афроамериканка, која подоцна е пронајдена мртва во затворска ќелија, а овој случај повторно го сврте  вниманието на јавноста на односот на полицијата кон малцинствата во САД.

Сандра Бленд (28) на 13 јули беше пронајдена обесена во затворската ќелија, три дена по апсењето, а иако властите наведуваат дека станува збор за самоубиство, нејзиното семејство се сомнева во тоа.

Објавлената видео снимка не открива што се случило  додека таа се наоѓала во притворот, но ја покажува жестоката конфронтација по малиот сообраќаен прекршок, во кој полицаецот се обидел да ја извлече Бленд од автомобилот, извлекол зашеметувач и се заканувал дека ќе ја „запали“, пренесуваат американските медиуми.

Видеото, кое во вторникот го објави Службата за јавна безбедност на Тексас, покажува како полицаецот ја запира Бленд заради пропуст да сигнализира дека ќе премина на втората коловозна лента.

Разговорот преминува во жестока кавга заради нејзиното одбивање да ја изгасне цигарата и обидот на полицаецот на сила да ја извлече од возилото.

Полицаецот потоа во неа го вперил зашеметувачот, порачувајќи и дека ќе ја „запали“.

Во еден момнент, таа вика дека полицаецот ќе и ги скрши рачните зглобови и дека главата и ја удрил од земја.

Бленд потоа е одведена во затвор на околу 60 километри северозападно од Хјустон, каде три дена подоцна е пронајдена мртва во ќелијата, а нејзината смрт е прогласена за самоубиство.

Семејството Бленд побара почнување сојузна истрага, а наредена е независна аутопсија.

Полицаецот Брајан Енсини, кој ја уапсил, е суспендиран заради кршење на полициската процедура при апсење.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас