Соединетите држави го тужат Гугл за монопол

Од:

Соединетите држави покренаа тужба против интернет гигантот „Гугл“.

Обвиненијата од САД кон компанијата се за наводно кршење на законите за конкуренција.

„Дојде време да се запре антиконкуретното однесување на Гугл“, се наведува во тужбата.

Корпорацијата е осомничена за неправедно наметнување монопол на интернет пребарувања и рекламирање преку интернет.

Тужбата доаѓа по претходна истрага што траеше скоро една година и е поднесена заеднички од Министерството за правда на САД и 11 американски сојузни држави.

„Гугл“ го нарече обвинението „длабоко погрешно“, таа тврди дека секторите во кои работи се многу конкурентни.

Сепак, подносителите на тужбата инсистираат на тоа дека за да има вистинска конкуренција, „Гугл“ веројатно треба да се подели на неколку засебни компании и да остави простор на другите во интернет просторот.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски