Социјални протести во Брисел

Од:

Десетина илјади работници се одзваа денеска на повикот од белгиските синдикати да дојдат на протесната прошетка низ Брисел, со цел да ја примораат Владата да се откаже од најавените мерки за штедење.

Владата има намера да ја зголеми старосната граница за одење во пензија, а воедно и на работодавачите да им го олесни отпуштањето работници.

Изутринава голема група работници тргнаа од северната железничка станица во Брисел на прошетка до центарот на градот, носејќи транспаренти со натписи „Не газете ги нашите права и старосната граница до 67 години“.

Ова е само еден од многуте закажани протести, кои би требало да ја доживеат својата кулминација преку генерален штрајк кој ќе се оддржи на 15 декември.

Интересно е тоа што и покрај големата бројка да демонстранти, која се проценува на меѓу 50 и 65.000 луѓе, градскиот превоз во Брисел сепак функционира нормално.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски

Теис: Ако не нападнат, ќе се браниме со камења

Горан Наумовски