Десетина илјади работници се одзваа денеска на повикот од белгиските синдикати да дојдат на протесната прошетка низ Брисел, со цел да ја примораат Владата да се откаже од најавените мерки за штедење.
Владата има намера да ја зголеми старосната граница за одење во пензија, а воедно и на работодавачите да им го олесни отпуштањето работници.
Изутринава голема група работници тргнаа од северната железничка станица во Брисел на прошетка до центарот на градот, носејќи транспаренти со натписи „Не газете ги нашите права и старосната граница до 67 години“.
Ова е само еден од многуте закажани протести, кои би требало да ја доживеат својата кулминација преку генерален штрајк кој ќе се оддржи на 15 декември.
Интересно е тоа што и покрај големата бројка да демонстранти, која се проценува на меѓу 50 и 65.000 луѓе, градскиот превоз во Брисел сепак функционира нормално.