Социjалдемократскатa опозиција победи на парламентарните избори на Гренланд

Од:

Социјалдемократската опозиција победи на вчера оддржаните парламентарни избори во Гренланд. Таа, меѓутоа, не успеа да освои мнозинство во парламентот на оваа данска автономна територија во Арктикот и ќе треба да формира коалиција, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на локалните медиуми.

Социјалдемократската партија „Сиумут“ (Напред), која беше во опозиција во последните четири години, освоила околу 42 проценти од гласовите.

Владеачката социјалистичка партија „Инуит атакатигит“ (Инуитско братство) на премиерот Куупик Клејст остана на второ место со приближно 34 проценти.

Лидерот на „Сиумут“ Алека Хамонд ќе го добие правото да формира нова влада на Гренланд. Хамонд (48) може да стане првата жена премиер во историјата на данската автономна територија. Нејзината партија, меѓутоа, ќе располага со 14 места во новиот состав на 31-члениот гренландски парламент, што значи дека таа ќе треба да трага по коалициски партнери.

Главна тема во предизборната кампања беше експлоатацијата на природните ресурси на Гренланд. Главната опозициска сила, „Сиумут“, победи со кампањата за поголема контрола и повисоки даноци за страските компании во секторот, што го потенцира незадоволството на многумина локални жители од брзото вклучување на островот во процесот на глобализација.

Многумина Гренландци во големите природни ресурси на данската автономна територија гледаат средство за намалување на зависноста од метрополата. Добивката на природните ископувања, меѓутоа, ќе наметнат „увоз” на илјадници странски работници, што е чувствително прашање за локалното население.

Гренланд е најголемиот остров во светот. Нејзината територија, од која огромен дел е покриен со мраз, е околу една четвртина од онаа на САД. Истовремено, на Гренланд живеат едвај 57.000 лица, од кои приближно 90 проценти се инуити (ескими).

Би можело да ве интересира

Натпревар на суперсили во Гренланд – Минералното богатство го направи островот геополитичко бојно поле

Данска се извини за „нехуман“ експеримент врз деца од Гренланд

А1он

Покривката на Гренланд загуби 4.700 милијарди тони мраз

Ана Ололовска

Првпат заврна дожд на Гренланд на надморска височина од 2.600 метри

Ана Ололовска

Гренланд ги забрани нафтените истражувања

Ана Ололовска

Блинкен потврди дека САД не сакаат да го купат Гренланд

Ана Ололовска