Првпат заврна дожд на Гренланд на надморска височина од 2.600 метри

Од:

Првпат откако се вршат мерења, заврна дожд на еден леден врв на Гренланд, на надморска височина од 2.600 метри, наместо снег, како досега.

Температурите на врвот на Гренланд за време на викендот се искачија над нулата по трет пат за помалку од десет години, јави Си-Ен-Ен. Топлиот воздух донесе силен дожд, кој испорача седум милијарди тони вода на површината на мразот.

Ова беше најпоројните врнежи на ледениот брег на Гренланд од почетокот на мерењата во 1950 година, според американскиот Државен центар за снег и мраз (НСИДЦ), а количината на ледена маса изгубена во неделата е седум пати поголема од дневниот просек за овој период од годината.

Тед Скамбос, виш истражувач, научник од НСИДЦ при Универзитетот во Колорадо, рече дека ова е доказ дека Гренланд забрзано се загрева.

– Ова што се случува не е само топла деценија или две во необична климатска шема. Ова е без преседан, изјави Скамбос за Си-Ен-Ен.

Би можело да ве интересира

Натпревар на суперсили во Гренланд – Минералното богатство го направи островот геополитичко бојно поле

Данска се извини за „нехуман“ експеримент врз деца од Гренланд

А1он

Покривката на Гренланд загуби 4.700 милијарди тони мраз

Ана Ололовска

Гренланд ги забрани нафтените истражувања

Ана Ололовска

Блинкен потврди дека САД не сакаат да го купат Гренланд

Ана Ололовска

Рекорд: Откриен запис за најниската температура на северната хемисфера

Ана Ололовска