Гренланд ги забрани нафтените истражувања

Од:

Новата Влада на Гренланд откако ја блокираше експлоатацијата на ураниум, објави забрана за истражување на нафта на таа територија на Арктикот.

Во одлуката објавена синоќа се наведува дека „е одлучено да се прекине сегашната стратегија за нафта и да се запре понатамошното истражување за нафта на Гренланд“.

– Ова е логичен чекор, бидејќи Владата сериозно ја сфаќа климатската криза. Одлуката е донесена и во интерес на нашата природа, во интерес на нашиот риболов и со цел да се концентрира нашата економија на реални потенцијали, изјави членот на Владата, Наја Натаниелсен.

Истражувањата на нафта во Гренланд беа во застој во изминатите неколку години, така што оваа одлука е во голема мера симболична. Според локалната самоуправа, „новата економска анализа за профитабилноста при истражувањето на нафта (на Гренланд) јасно покажува дека профитабилноста е мала“, односно двојно помалку од она што го очекуваат нафтените компании.

На изборите во април, на власт дојде левичарската партија за заштита на животната средина.Во согласност со предизборните ветувања, Владата во моментов одржува консултации со цел да донесе закон за забрана за истражување и експлоатација на ураниум на Гренланд.

Би можело да ве интересира

Првпат заврна дожд на Гренланд на надморска височина од 2.600 метри

Ана Ололовска

Блинкен потврди дека САД не сакаат да го купат Гренланд

Ана Ололовска

Рекорд: Откриен запис за најниската температура на северната хемисфера

Ана Ололовска

Големо парче мраз се распадна на Гренланд

Ана Ололовска

Рекордно топење на мразот на Гренланд

Ана Ололовска

Граѓани на Гренланд гласаат за отстранување на статуата на дански мисионер, симбол на колонијализмот

Ана Ололовска