Соботка: Германија е виновна за напливот на имигранти во Европа

Од:

Чешкиот премиер Бохуслав Соботка оцени дека со давање предност на хуманитарните аспекти на бегалската криза пред безбедносните, Германија испратила лоша порака со што продонела за зголемување на приливот на имигранти во Европа.

– Германија испрати сигнал што можеше да се види и чуе во големи делови од Блискиот Исток и северна Африка. Тоа ја стимулираше илегалната имиграција и тоа не може да се негира, изјави Соботка во интервју за германскиот весник „Зидојче Цајтунг“.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, наспроти ваквите ставови на Соботка, германската канцеларка Меркел на Конггресот на нејзината Христијанско демократска унија (ЦДУ) изјави дека Германија има „хуманитарен императив“ да ги отвори своите граници за бегалците.

Чешка е една од земјите кои одбиваат да ги прифатат квотите за прераспределба на бегалци меѓу членките на ЕУ. Официјална Прага заедно со Словачка и Унгарија е дел од групата земји кои одбиваат да ги прифатат правилата на Брисел, со што Унијата практично се подели во поглед на бегалската криза.

Минатата недела германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер се закани дека Германија ќе започне правна процедура против земјите кои одбиваат да ги прифатат квотите за прераспределба за бегалци.

Би можело да ве интересира

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад