Со светска војна за излез од кризата?

Од:

Слаба побарувачка, се поголема нееднаквост и последично исчезнување на средната класа, преголема регулација, конкуренција од Кина, несоодветна инфраструктура, недостиг на идеи… Се се тоа причини кои веќе со години ги изнесуваат разни економски експерти, обидувајќи се да објаснат што се крие зад тој бавен развој и раст во најголемите светски стопанства.

Но, во последно време се почесто се изнесува и аргументот на мирот како причина за економската стагнација.

Поминаа долги години откако целиот свет беше вмешан во некој голем воен судир, а како што пишува професорот по економија Тајлер Коен во „Њујорк Тајмс“, иако веста за воените судири во Ирак или Јужен Судан даваат впечаток дека светот и денес е многу крваво место, бројот на жртвите во тие војни не е ни приближно голем во споредба со десетици милиони луѓе убиени во текот на двете светски војни во првата половина на 20 век. Дури и во Виетнамската војна загинаа повеќе луѓе од кој било судир што следеше, во кој учествувала некоја поразвиена држава.

Колку тоа да звучи неверојатно, можно е светскиот мир да спречува итно постигнување на високи стапки на економски раст, па во однос на тоа веројатноста дека економијата ќе расте со високи стапки е намалена. Тоа не значи дека војувањето само по себе доведува до подобрување на стопанската состојба, со оглед дека директни последици од војната се деструкција и губење на животи.

Тајлер Коен, кој инаку предава економија на Универзитетот „Џорџ Мејсон“, наведува и дека оваа теза не треба да се поврзува со кинесианскиот аргумент според кој подготовките за војна нужно доведуваат до зголемување на јавната потрошувачка и автоматско зголемување на вработеноста.

Наспроти тоа, се тврди дека самата можност за избивање на воен судир, владите ги наведува да бидат фокусирани и некои од нај основните одлуки кои ги носат да бидат исправни. Тоа може да се однесува на инвестициите во науката или едноставно на либерализација на економијата. Таквиот фокус за крајна последица има подобрување на долгорочните економски изгледи.

Може да се смета за непримерно да се бара нешто позитивно во војните, но ако се погледне само историјата на САД, јасно е дека изнесената теза не може само така да се отфрли. Фундаменталните иновации, како нуклеарната енергија, компјутерите и современите авиони, настануваа едни по други со американските напори да ги надминат силите на Оската во Втората светска војна или СССР во Студената војна.

Интернетот е изворно замислен како мрежа која на Американците треба да послужи во одбранбени цели во случај на нуклеарен напад, а почетокот на Силиконската долина треба да се бара во договорите со американската војска, а не во денешните старт-апови, наведува „Њујорк Тајмс“.

Лансирањето на Спутник од страна на СССР во САД предизвика голем интерес за науката и технологијата, а како последица на тоа дојде до економски раст.

Да немаше воени закани, никогаш на пример не би бил покренат Проектот Менхентен. Во рамки на тој проект атомската бомба е произведена за шест години, а се почна практично од нула. Проектот при својот крај изеде 0,4 отсто од американскиот БДП. Тешко е да се замисли споредлив проект во денешно време.

Авторот на натписот во „Њујорк Тајмс“ се присетува на 70-тите години и времето кога бил тинејџер. – Тогаш слушав приказни како треба да се обнови мостот „Тепан Зи“ во Њујорк. Заменскиот мост, еве под услов до тогаш да се реши проблемот на заштитените лисици, би бил отворен најрано до 2017 година. Аеродромот Џ.Ф.К, и натаму е дисфункционален, а ни за Ла Гвардија не може да се каже дека е некое големо чудо. Оваа состојба не ја променија ни 800 милијарди долари со колку што државата во криза ја стимулираше економијата – вели проф. Коен.

Состојбата не е многу поразлична ни во најголемите европски стопанства, кои денес исто така растат бавно. Многу од тие држави немаат причина да се плашат дека некој воено ќе ги освои и тамошните политичари не се соочени со екстремни казни поради континуираната стагнација. Дури, губењето на власта за многу политички лидери значи личен успех бидејќи добиваат големи пари за јавните настапи, консултантски дејности или пак одат во удобна и добро платена пензија.

Од друга страна, Јапонија е соочена со територијални и геополитички притисоци од Кина, а тамошниот премиер Шинѕо Абе како одговор нуди специфична економска политика, чија цел е национална ревитализација.

Историчарот Јан Морис од Станфорд неодамна ја заживеа хипотезата според која војната е значаен фактор потребен за економски раст. Во својата книга Војна! Зошто војна? Судири и напредок на цивилизациите од приматите до роботите, ги изнесува примерите од Римското Царство, Европа во време на ренесансата и Америка во современо доба. За секој пример изнесува докази за тезата дека воените подготовки предизвикувале иновации на подрачјето на технологијата.

Слично пишува и британскиот конзервативен парламентарец Кваси Квартенг во книгата Војна и злато: 500 години историја на имериите, авантури и долгови, со тоа дека тој за примери ги наведува пазарите на капиталот.

Се појавија уште неколку слични трудови во Кина и Јапонија, но поентата е дека сите тие се повикуваат на примери од историјата, а математиката денес е целосно поинаква во однос на времето на светските војни. Со оглед на развиената технологија, глоален судир денес би бил значително подеструктивен, поради што и веројатноста за избивање на истиот е намалена.

Тајлер Коен наведува и позитивни работи кои донесоа период без глобални конфликти. Освен мирот сам по себе, тука на пример се и чистата околина како и повеќе време кое луѓето можат да го посветат на себе. Исто така, степенот на толеранција кон малцинствата денес е поголем. Значи, иако економскиот раст во недостиг на некој голем воен судир можеби е помал, светот без војна денес несомнено е подобро место од што може да се заклучи со читање на економските показатели.

Голема предност е да се живее во свет во кој сепак на поголемиот дел владее мир и чиј вкупен БДП расте по стапка од 2 отсто во однос на состојбата во која БДП расте за 4 отсто, но притоа загинуваат луѓе. Прашањето е секако, дали моментално мирниот период е всушност само еден балон кој само чека да пукне.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

Кличко повторно жестоко го критикуваше Зеленски: „Војната е изговор за централизација на Украина“

А1он

Ердоган: Замижуваат пред масакрите, западните земји паднаа на тестот во Газа, го изгубија кредибилитетот

А1он

Финска не гледа воена закана од Русија, вели премиерот Орпо

А1он

Шведските министри ги предупредија граѓаните: Подгответе се за војна