Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

Од:

За нас беше особено тешка вечер, загубивме. Од утре ќе бидам премиер во оставка. Но, либералите се силни, ќе се вратиме.

Ова вечерва, со солзи во очите и видно трогнат, го соопшти премиерот на Белгија Александар Де Кро, кој беше дочекан со аплуаз и поздравен од активистите и симпатизерите на неговата либерална партија Отворени фламански либерали и демократи (Опен ВЛД) која освои само 5,9 отсто на денешните избори во Европскиот парламент.

Тој одржа исклучително краток говор по овој катастрофален пораз на кој само ја најави оставката.

Националистичката Нова фламанска алијанса (Н-ВА) победи на денешните избори за членови на Претставничкиот дом на белгискиот Федерален парламент со освоени 18,9 проценти од гласовите, покажуваат резулатите од преброени речиси 90 отсто од избирачките места.

На второ место е ултра националистичката и десно популистичка партија Фламански избор (ВБ) со 15,5 отсто, на третото место е левичарската Работничката партија на Белгија (ПВДА/ПТБ) со 9,4 проценти, пред фламанската социјалдемократска партија Напред (Воројт) со 9,1 и Христијанските демократи и Фламанци (ЦДВ) со девет отсто од гласовите.

По поразот на европските избори, и францускиот претседател Емануел Макрон го распушти Националното собрание и закажа нови избори за 30 јуни.

Би можело да ве интересира

Објавени првите проекции од резултатите на европските избори

A1on

Тежок пораз на Макрон на европските избори, Ле Пен ја запечати победата

A1on

Европскиот парламент оди надесно: Десницата со значителни разултати на европските избори

A1on

Германската крајна десница АфД е на второ место на анкетите, една недела пред европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски