Белгиската полиција употребува обучени орли за соборување на дронови, кои летаат во близина на реонот на кој се одржува собирот на НАТО во Брисел.
Портпаролката на полицијата потврди дека орлите се подготвени да пресретнат летала над забранетите зони за дронови, но дека досега птиците не се употребени.
Таа не прецизира колку орли учествуваат во операцијата.
Холандија минатата година прва почна да употребува обучени орли за соборување на дронови.
Орлите со канџите ги фаќаат дроновите, што, според експертите, е помалку опасно отколку да се пука врз безпилотните летала.