Со минута молчење почна специјалната вонредна седница на Генералното собрание на ОН посветена на Украина

Од:

Генералното собрание на Обединети нации со едноминутно молчење за Украина ја отвори специјална вонредна седница на која ќе се дебатира за тоа дали да се осуди руската инвазија врз нејзиниот сосед.

Претседателот на ГС Абдула Шахид пред 193-те членки на ОН повика на „итен прекин на огнот“.

Тој упати апел до вмешаните страните да ја искористат „ретката“ можност за дијалог за „смислено и брзо да се деескалира“ ситуацијата.

Франција денеска ќе поднесе резолуција во Советот за безбедност на ОН, со која ќе повика на итен прекин на огнот во Украина и гаранции за доставување на хуманитарна помош до цивилите.

Во соопштението од Елисејска палата се додава дека Париз „ќе побара и прекин на огнот, што мора да претходи на какви било мировни преговори“.

Франција е една од петте постојани членки на СБ на ОН, заедно со САД, Велика Британија, Кина и Русија, додека 10 други земји се ротирачки непостојани членки.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична