Со хеликоптер спасени 32 мигранти од пуст остров во Италија

Од:

Италијанската крајбрежна стража во понеделникот соопшти дека била принудена да употреби хеликоптер за да спаси 32 мигранти, вклучително и едно дете, кои од претходниот ден беа заглавени на пуст остров во централниот дел на Медитеранот.

-Спасувањето на мигрантите заглавени на островчето Лампионе, кое е дел од истиот архипелаг како и островот Лампедуза, се покажало невозможно по море поради „исклучително неповолните“ морски и временски услови, се вели во соопштението на крајбрежната стража.

Хеликоптерот ги однел мигрантите во Лампедуза, вообичаена точка за симнување на мигрантите кои тргнале по море од Тунис и Либија.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо