Сноуден, Асанж и Викиликс: Најголемите протекувања на податоци на денешницата

Од:

Индекс – Загреб

Протекувањето на доверливи податоци во јавноста стана многу честа појава. За тоа придонесуваат многу фактори, од достапноста до информативните канали преку кои такви документи се префрлуваат, па до политиките на големите земји или организации со кои нивните членови не се согласуваат. Во секој случај, дострелот на таквите безбедносни пробиви е се подалекусежен и најверојатно во иднина ќе има уште.

Едвард Сноуден ја разоткри НСА и нивната програма за шпионирање

Поранешниот административец во американската Агенција за национална бебзедност (НСА) објави илјадници документи, во кои се открива како оваа организација шпионирала практично се и сешто.

Снимените телефонски разговори биле од обичните луѓе, па до државниците, а разоткритена е и посебно развиената програма со чија помош биле собирани податоци од социјалните мрежи и интернет пребарувачите.

Викиликс 7 и ЦИА

Најновиот случај се случи неодамна, а главните протагонисти беа американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) и Викиликс. Имено, Викиликс објави докази дека ЦИА користи многу безбедносни пропусти во оперативните системи на паметните телефони и телевизори, користејќи ги за прислушување.

Успеале да ја пробијат и заштитата во автомобилите, што во иднина би им пружило можност дури да ја преземат контролата над нив и можно е да извршат атентат без никакви докази против нив.

Кејблгејт

Уште во 2010 година многу шифрирани документи на американската Влада кои биле во Кејблгејт, завршиле на Викиликс. Разоткриени се небројни тајни телеграми меѓу амбасади и матичните земји во речиси целиот свет, со акцент на тие американските.

На пример, Кејблгејт покажал дека Иран поседува нуклерани боеви глави кои ги продал на Северна Кореја, дека САД во тајност го бомбардирале Јемен, како и начинот на кој Вашингтон постапува со затворениците во базата Гвантанамо.

Гвантанамо исто така беше тема на уште еден збир на документи објавени во „Њујорк Тајмс“, „Гардијан“ и Викиликс, од кои се дозна како затворот функционира и дека таму лежат голем број невини луѓе.

Воени дневници од Авганистан и Ирак

Во исто време и од истиот извор (Челзи Менинг) се појавија дневници од војните во Ирак и Авганистан, разоткривајќи голем број жртви, посебно меѓу цивилите, кои биле погодени од тие војни.

Иако овие дневници медиумски беа силно проследени, никој директно не одговораше за тоа што се дозна од нив. Меѓутоа, начинот на постапките со воените затвореници и делувањето на формациите на теренот, дојдоа во фокусот на политичките дебати, што барем делумно може да се припише на оваа објава.

Случајот со документите од Панама

Дури милион и пол документи го најдоа својот пат до очите на јавноста во оваа афера. Тие открија како голем број на влијателни луѓе, политичари и бизнисмени, ги користат даночните оази за да избегнат плаќање на данок во матичните земји.

На листата се најадоа Владимир Путин, Дејвид Камерон, Лионел Меси, а треба да се каже дека тука се наоѓаат и хрватски граѓани.

Саентологијата и нејзините правила

Саентологијата е нова и во некои делови на светот многу влијателна религија, која ја основа писателот Рон Хабард со намера да создаде парично богатство.

Религијата како таква се базира на обреди кои се добро скриени од очите на јавноста, но во 2008 година на Викиликс беа објавени многу нејзини тајни.

Би можело да ве интересира

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

САД: Бараме екстрадиција на Асанж поради откривање извори