Сноуден: Американска кибер програма може автоматски да одговори на хакерски напади

Од:

Американската Агенција за национална безбедност (НСА) поседува програма за кибер војна, која може автоматски, без човечка интервенција, да одговори на интернет напад, изјави  поранешниот соработник на американските специјални служби, Едвард Сноуден.

Тој во интервју за списанието „Вајард“ вели дека компјутерската програма „Монстер мајнд“ (Чудовишен ум) е замислена да открива и блокира потенцијални кибер напади. – Откако ќе ги регистрира софтверот автоматски возвраќа, односно самостојно извршува хакерски напади, додава Сноуден.

Поранешниот соработник на НСА предупреди дека овие активности по грешка можат да им наштетат на трети страни, бидејќи кибер нападите често се насочувани преку компјутери, кои се наоѓаат надвор од земјата, од која потекнуваат.

– Таквите напади можат да бидат камуфлирани. На пример некој може да се наоѓа во Кина и да создаде впечаток дека нападот доаѓа од Русија. Тогаш соодветниот напад може да биде извршен на пример врз болница во Русија. Какви ќе бидат последиците во такви ситуации?, предупредува Сноуден и додава дека програмата може ненамерно да доведе до почнување војна.

Освен тоа, нагласува Сноуден, проектот е исклучителна закана за приватноста на личниот живот, бидејќи за да функционира НСА треба да ги скенира сите комуникации, кои влегуваат во САД.

– За да се анализираат сите тие негативни информациски текови и за да се одговори соодветно на нив, треба да се анализира целиот тек на информации, а тоа значи дека за да се анализира треба да се пресретнат сите текови. Тоа значи кршење на Четвртиот амандман на Уставот на САД, пресретнувајќи приватни комуникации без наредба, веројатно без основа или дури и без да има сомнение дека станува збор за нешто криминално, вели Сноуден.

Тој нагласи дека одлуката да ги разоткрие тајните на НСА ја донел со цел да ги заштити правата на Американците, кои им се нарушени од специјалните служби.

НСА не даде коментар на интервјуто на Сноуден, кој на почетокот на август доби право три години да живее во Русија. Во САД тој е обвинет за објавување тајна информација и му се заканува затвор.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска