Снежни бури и торнадо во САД

Од:

Снежните бури ги оставија без електрична енергија за Божик повеќе од 100.000 лица во јужните американски држави Тексас, Арканзас, Оклахома, Мисисипи, Луизијана и Алабама.

Во невремето кое го зафати овој дел на САД загинаа три лица.

Поради лошите временски услови биле откажани 210 авионски летови ширум САД, од кои една третина ги откажала компанијата „Америкен ерлајнс“ и нејзиното регионално претставништво „Америкен игл“.Торнадо во градот Мобајл, во државата Алабама, однесе покриви на куќи и дрвја, а предизвика и прекин на струјата.

Според Националната метеоролошка служба, три послаби бури биле регистрирани во Тексас, а оштетена е само една зграда.

Поради замрзнатите патишта во Оклахома биле предизвикани повеќе сообраќајни несреќи, од кои во еден верижен судар учествувале 21 возило.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД